Храна и Пијалаци рецепт

Сос од тикви кој одлично оди со њоки и други видови тестенини

Есента е совршено време за уживање во едноставни, но топли и утешни јадења кои не греат во постудените денови. Една од главните сезонски состојки секако е тиквата, која со својата слатка арома и богат вкус внесува шмек на есен во секој оброк.

Сос од тикви кој одлично оди со њоки и други видови тестенини

Есента е совршено време за уживање во едноставни, но топли и утешни јадења кои не греат во постудените денови. Една од главните сезонски состојки секако е тиквата, која со својата слатка арома и богат вкус внесува шмек на есен во секој оброк.

Покрај тоа што е вкусна, тиквата е и исклучително здрава – полна е со витамин А, влакна и антиоксиданси, што ја прави идеален избор за лесни, но заситувачки оброци.

Кремастиот сос од тиква одлично се вклопува со њоките, што им носи совршена рамнотежа на вкусот и текстурата. Овој рецепт е брз и лесен, а во исто време дава чувство на топлина на домашното готвење. Совршен е за оние моменти кога сакате да подготвите нешто хранливо, а сепак не премногу комплицирано.

Со њоки во кремаст сос од тиква, за кратко време ќе имате вистински есенски оброк на трпезата.

Состојки:

500 гр њоки
400 гр тиква, излупена и исечена на коцки
200 мл крем за готвење
2-3 чешниња лук, ситно сецкани
1 мал кромид, ситно сецкан
50 гр рендан пармезан
маслиново масло или путер
сол и бибер (по вкус)
прстофат морско оревче
свежа мајчина душица или магдонос (за декорација)

Подготовка:

Во тенџере зовријте вода и додајте сечкана тиква. Гответе околу 10-15 минути, додека не омекне тиквата. Исцедете и изгмечете ја со вилушка или миксер за да добиете пире од тиква.

Загрејте малку маслиново масло или путер во тава на средна топлина. Додадете го сечканиот кромид и пржете додека не омекне и стане проѕирен, околу 3-4 минути. Потоа додадете го сечканиот лук и пропржете уште една минута, внимавајќи да не изгори.

Во тавата додадете го пирето од тиква и убаво измешајте. Потоа додадете го кремот за готвење и намалете ја топлината. Гответе нежно 5-7 минути, додека сосот не се згусне и не стане кремаст. Додадете сол, бибер и прстофат морско оревче за дополнителен вкус.

Во меѓувреме во поголемо тенџере зовријте вода, посолете малку и сварете ги њоките според упатството на пакувањето.
Кога ќе се сварат њоките, исцедете ги и додајте ги во тавата со сосот. Мешајте ги внимателно за да се премачкаат добро со кремастиот сос од тиква.

Пријатно јадење!

Поврзани теми

To top