Ако размислувате кој колач да го направите, нашиот предлог е сочен чоколаден колач со јаболка на која никој не може да одолее.
Време за подготовка: околу 40 минути
Време за печење: 25–35 минути
Вкупно време: околу 1 час и 30 минути (со ладење и прелив)
Состојки:
Кора:
5 јајца
кесичка прашок за пециво
кесичка ванилин шеќер
30 грама какао
250 грама брашно
200 грама шеќер
200 мл масло
Фил:
околу 500 грама јаболка
150 г шеќер
100 мл вода
рум
200 грама путер
100 г чоколадо
За преливот:
400 мл слатка павлака
300 г чоколадо за готвење
Подготовка:
Изматете ја смесата за кората со матење на јајцата и шеќерот, додадете брашно, прашок за пециво, какао и масло. Печете на 200 степени околу 20 минути.
Направете го филот со рендање јаболка, шеќер, путер, рум и чоколадо.
Ставете го филот врз кората, а врз него ставете го растопениот чоколаден фил во павлаката за готвење.
Оставете да се олади, а потоа исечете на еднакви делови.