Храна и Пијалаци рецепт

СНИКЕРС ТОПЧИЊА КОИ СЕ ТОПАТ ВО УСТА: Омилени на сите возрасти

Варијте ја водата со шеќерот додека не зоврие.

СНИКЕРС ТОПЧИЊА КОИ СЕ ТОПАТ ВО УСТА: Омилени на сите возрасти

Ќе ви треба:

За топчињата:

50 г путер
180 г шеќер
180 мл вода
100 г путер од кикирики
250 г мелени, печени кикирики
300 г мелени бисквити
100 г бело чоколадо

За декорација:

100 г чоколадо за готвење
сечкани кикирики

Подготовка:

Варијте ја водата со шеќерот додека не зоврие. Потоа додадете го путерот и мешајте додека не се растопи. Потоа тргнете од оган и додадете го путерот од кикирики и белото чоколадо и мешајте додека не се растопи. Додадете ги мелените кикирики и бисквитите и добро измешајте додека смесата не стане хомогена. Со влажни раце, обликувајте ја смесата во топчиња и наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Растопете го чоколадото на пареа и потопете ги топчињата во него. Потоа наросете ги со кикирики и оставете ги во фрижидер половина час да се стегнат.

To top