Храна и Пијалаци Вкусен ручек

Риба во сос од домати

Рибата, на кој било начин, е вкусна и здрава…

Риба во сос од домати

Состојки:

  • 800 грама риба по ваш избор
  • 200 мл доматен сос/или варени домати/
  • 2 главици кромид
  • 4 чешниња лук
  • 1 китка магдонос
  • 1 лажичка сув рузмарин
  • 1/2 лажичка мелен бибер
  • масло
  • сол

 

Подготовка:

Во масло испржете сецкан кромид на листови и ситно сецкани чешниња лук. Додадете сецкан магдонос, доматен сос, рузмарин, сол, покријте и оставете да се свари. Исчистена, рибата испржете ја во врело масло или подгответе ја печена. Во топлиот доматен сос наредете ја пржената риба. Речиси и не ви треба ништо друго да додадете во ова јадење, а доколку сакате сервирајте со палента.

To top