Храна и Пијалаци рецепт

Рецепт за вкусна чоколадна торта која се прави без млеко, јајца и брашно

Чоколадната торта е популарен десерт и омилен на многумина. Но, дали знаевте дека можете да го подготвите и без класични состојки како брашно, млеко и јајца?

Пробајте едноставен рецепт за наједноставната чоколадна торта без печење со само три состојки – чоколадо, кокосово млеко и овесна каша.

Состојки:

375 мл кокосово млеко
220 гр овесна каша
170 гр темно чоколадо

Подготовка:

Чоколадото исечкајте го на парчиња. Загрејте го кокосовото млеко на шпорет.

Прелијте го сечканото чоколадо со кокосовото млеко и оставете го да се впие околу две минути. Мешајте додека да се растопи чоколадото и да добиете изедначена смеса. Во смесата додадете ја овесната каша и сè убаво измешајте.

Потоа ставете сè заедно во калап за колачи. Оставете го колачот да се излади на собна температура, а потоа оставете го во фрижидер три до четири часа да се стегне. Се сече на парчиња и се сервира. Добар апетит!

Повеќе рецепти за чоколадни торти може да најдете на следните линкови:

Брза и вкусна чоколадна торта готова за само 20 минути

Чоколадна торта со кокос (РЕЦЕП+ВИДЕО)

Направете ја оваа совршена торта со само неколку состојки (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

To top