Потребно е:
40 гр путер
2 супени лажици маслиново масло
1 главица кромид
2 чешниња лук
600 гр печурки
1 шолја кочански ориз
1 чаша бело вино
околу половина литар супа (може и од коцка)
сол
бибер
мајчина душица
50 гр рендан пармезан
магдонос
Подготовка:
Загрејте го путерот со маслиново масло, па додадете го исечканиот кромид.
Пржете додека не стане стаклен.
Додадете ги исчистените печурки, па малку сол, па намалете ја температурата и пропржете со често мешање.
Кога печурките ќе го пуштат сокот и ќе зоврие течноста, додадете го оризот.
Промешајте добро да се соединат состојките, па прелијте со виното.
Намалете ја температурата и варете полека, а со често мешање додадете ја супата.
Кога ќе има текстура на рижото, зачинете, па додадете прстофат мајчина душица.
На крај тргнете го од шпорет и додадете рендано сирење.
Добро измешајте, па посипете со сечкан магдонос.
Пријатно!