Храна и Пијалаци рецепт

Рецепт за посни полнети тиквички

Загрејте ја рерната на 200 степени. Измијте ги, излупете ги и издлабете ги тиквичките.

Рецепт за посни полнети тиквички

Потребно е:

1 кг тиквички
5 чери домати
3 супени лажици ориз
500 мл сок од домати
копар
сол
бибер
главица кромид

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Измијте ги, излупете ги и издлабете ги тиквичките.

Исечете го кромидот и запржете го на малку масло. Додадете ги сечканите чери домати, внатрешноста на тиквичките и измиениот ориз.

Зачинете со сол и бибер. Потоа зачинете со копар. Наполнете ги тиквичките со подготвениот фил.

Полнетите тиквички наредете ги во огноотпорен сад и прелијте ги со сок од домати, а потоа чаша вода.

Се пече околу 45 минути, во рерна загреана на 200 степени. Пријатно!

To top