Состојки:
четири телешки шницли
четири големи лажици зрел кајмак
четири лажички брашно
две или три поголеми јајца
шолја презла
сончогледово масло
малку сол
Подготовка:
Истенчете го месото со толчник за месо, а потоа посолете.
Во средината на секоја шницла намачкајте го кајмакот, цврсто завиткајте, па прво валкајте во брашно, па во изматени јајца и на крај во презла. Се пржат на длабоко врело масло десетина минути, додека убаво не поруменат од сите страни.
Послужете додека е топло.