Потребно:
Пилешко бело месо
Три моркова
Две стебленца магдонос
Два компира средна големина
Подготовка:
Белото месо, морковот, магдоносот и компирот ставете ги во еден литар вода, да се варат околу 90 минути (без сол и зачини). Кога е сварено, извадете го месото и ситно исецкајте го, а зеленчукот изгмечете го.
Се измешајте и додавајте по малку од бистрата супа, за да ја регулирате густината на јадењето. На крајот можете да исецкате и малку свеж магдонос.