Храна и Пијалаци рецепт

Посен чипс од јаболка

За да подготвите посен чипс од јаболка, прво загрејте ја рерната на 180 степени.

Посен чипс од јаболка

Чипсот од јаболка е посна и здрава закуска во која можете да уживате без грижа на совест. Најважно е да знаете дека сте го направиле сами, а не е полн со нездрави состојки за да го одржувате свеж.

Состојки:
– 2 јаболка
– масло
– 1 лажичка цимет

Подготовка:
За да подготвите посен чипс од јаболка, прво загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете плех со хартија за печење. Јаболката исечкајте ги на парчиња со дебелина од 3 до 6 мм.

Наредете ги јаболката на плехот. Парчињата премачкајте ги со масло, а потоа посипете ги со цимет.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Печете 30 минути, вртејќи ги парчињата, додека не поруменат. Оставете го чипсот да се излади на собна температура. Уживајте во посниот чипс од јаболка!

To top