Храна и Пијалаци рецепт

Полнети печурки со зеленчук

Наполнете ги обилно и додадете ситно сецкан магдонос и лук, печете на 200C десет минути.

Полнети печурки со зеленчук

Еве уште еден од многуте рецепти за полнети печурки, единственото нешто што можеби го прави овој различен од другите е тоа што е целосно лесен и наменет за вегетаријанци… но и за оние кои не се…

Состојки:

500 грама свежи печурки
1 морков
1 тиквичка
парче целер
1 црвена пиперка
1 домат
1 лажица маслиново масло
1 лажица ајвар
сув зеленчук, бибер
1 лажица соја сос
0,5 дл бело вино
сецкан магдонос и лук

Подготовка:

Свежи, средни бели печурки, измијте ги и исушете ги со крпа, потоа исечете ги и издлабете ги. Ситно исецкајте ги морковите, пиперката, доматот, целерот и тиквичката, и варете ги на пареа неколку минути. Ставете го зеленчукот во сад, додадете зачини, една лажица масло и ајвар, па измешајте се. Во огноотпорен сад ставете малку маслиново масло и бело вино, наредете ги печурките и попрскајте ги со малку соја сос. Наполнете ги обилно и додадете ситно сецкан магдонос и лук, печете на 200C десет минути. (МИА)

To top