Похoваниот ананас е едноставен и вкусен десерт инспириран од егзотичната кујна. Крцкавата обвивка и сочниот ананас создаваат совршена комбинација, а со малку чоколаден прелив и мед добивате вистинско мало уживање.
Состојки:
- 7 листови ананас
- 2 јајца
- 4 лажици брашно
- кафеав шеќер
- масло за јадење
- малку кисела вода
Подготовка:
Во длабок сад изматете ги јајцата, киселата вода, брашното и кафеавиот шеќер додека не добиете густа и мазна смеса. Круговите ананас потопете ги во подготвената смеса така што целосно ќе се обложат. Во тава загрејте масло и пржете ги круговите ананас додека не добијат убава златно-кафеава боја.
Извадете ги и оставете ги кратко на кујнска хартија за да се исцеди вишокот масло. На крај наросете ги со шеќер во прав или прелијте ги со чоколаден топинг и малку мед и послужете додека се топли.