Прекрасна комбинација од вкусови на билки и црни маслинки.
Состојки:
400 грама меко брашно
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
2 лажици маслиново масло
1 сув квасец
1,5 дл топла вода
Прелив:
4 лажици маслиново масло
15-20 црни маслинки
сушен рузмарин
сушено оригано
прстофат сол
бибер
Подготовка:
Растворете го сувиот квасец и шеќерот во топла вода и кога сè ќе се соедини, додадете го во садот во кој сте го ставиле брашното, солта и маслиновото масло. Добро измешајте сè со раце и оставете го во набрашнет сад покриен со крпа да отстои на топло место околу два часа. Потоа повторно замесете го тестото на набрашнета површина, притиснете од маслинките (претходно исечени на половина) во него и растегнете го во форма на тавче за печење со дијаметар 26 см, обложено со хартија за печење. Избоцкајте го тестото со врвот на вилушката или со врвовите на прстите (за да му помогнете на филот да се втисне во него) и прелијте го претходно подготвениот фил, маслиново масло, сушен рузмарин, оригано, сол и бибер. Вклучете ја рерната на 200-220 (во зависност од рерната), добро загрејте ја и печете 20-30 минути. Можете да јадете и додека е топло. (МИА)