Храна и Пијалаци рецепт

Пилешко во кикирики сос: Вкусно јадење со ароматична и пикантна комбинација

Во тава со загреано маслиново масло пропржете го исецканото пилешко со постојано мешање додека не порумени.

Пилешко во кикирики сос: Вкусно јадење со ароматична и пикантна комбинација

Состојки:

2 супени лажици маслиново масло
8 парчиња пилешки гради
1 ситно сечкан кромид
3 сецкани чешниња лук
2 сечкани лути пиперки
2 лажички свеж рендан ѓумбир
2 лажички куркума
100 гр путер од кикирики
400 мл кокосово млеко
400 гр сечкани домати од конзерва
грст сечкан коријандер

Начин на подготовка:

Во тава со загреано маслиново масло пропржете го исецканото пилешко со постојано мешање додека не порумени.

Потоа додадете кромид, ѓумбир и бибер и уште една лажица маслиново масло.

Пржете една минута, а потоа додадете куркума. Извадете го месото и оставете го на страна.

Посебно измешајте ги путерот од кикирики, кокосовото млеко и доматите.

Додадете ја смесата во тавата во која се вареше печеното месо, па оставете да зоврие со постојано мешање.

Додадете коријандер и вратете го месото, промешајте и динстајте половина час, на средна температура.

Послужете топло со ориз.

Посипете со печени кикиритки.

Пријатно!

To top