Храна и Пијалаци рецепт

ПЕКАРСКИ ТРИКОВИ ЗА СОВРШЕНИ КРОФНИ: Тајната е во една состојка

Постојат милион рецепти за крофни, па можете да ги направите полнети со џем, чоколадо, прелиени со глазура… Сепак, пред да започнете со украсување, важно е добро да го замесите тестото за крофните за да испаднат воздушести.

Пред да започнете со месење на тестото, извадете ги сите состојки од фрижидер и чувајте ги на собна температура околу половина час.

Прво, подгответе го квасецот, што е задолжително, а би било добра идеја да додадете половина кесичка прашок за пециво, бидејќи тоа ќе спречи создавање дупки во крофните. Секогаш месете го тестото еден ден претходно и оставете го полека да нарасне преку ноќ, бидејќи на тој начин вкусот ќе се развие подобро.

Внимавајте да не го месите премногу, крофните нема да бидат меки и воздушести. Наместо маргарин, додадете путер во тестото, а советот на пекарите и слаткарите е да не го растопувате, туку да го додадете омекнат на собна температура, на коцки. Путерот му дава сјај и вкус на тестото, а треба да се додаде на самиот крај од месењето. На тој начин, брашното ќе има време да го апсорбира млекото и да го развие својот вкус, пишува The Taste Matters.

И уште една важна работа при подготовка на крофни е да додадете ракија во тестото. Таа служи за апсорбирање на вишокот маснотии, а наместо тоа можете да додадете вотка или рум.

To top