Мирисно, сочно и полно со вкусови – ова печено јагнешко бутче е вистински празничен специјалитет што буквално се топи во уста. Долгото маринирање и бавното печење му даваат совршена мекост и богат вкус.
Состојки за маринада:
3 чешниња лук
1 кафена лажичка оригано
1 кафена лажичка мајчина душица
1 супена лажица рузмарин
сок од 1 лимон
2 супени лажици алкохолен оцет
3–4 супени лажици сол
1 морков
За печење:
1 јагнешко бутче (околу 3 кг)
200 мл масло
200 мл бело вино
1 млад кромид
1 лимон
1 кг млади компири
700 мл вода
2 супени лажици сув зачин
Подготовка:
Јагнешкото бутче измијте го добро под млаз ладна вода. Со остар нож направете мали засечоци (џебови) во месото. Во секој засек ставете по едно чешне лук и парче морков. Во сад измешајте ги ориганото, мајчината душица, рузмаринот, сокот од лимон и оцетот. Бутчето посолете го рамномерно, а потоа премачкајте го со подготвената маринада. Завиткајте го во фолија и оставете го во ладилник 24 часа за да ги впие вкусовите.
Во тава наредете исечен млад кромид, морков и лимон, како и излупени млади компири. Врз нив ставете го маринираното јагнешко бутче. Во тавата додадете вода, бело вино и масло, а одозгора посипете со сув зачин.
Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете во загреана рерна на 170°C околу 3 часа. По истекот на времето, отстранете ја фолијата, прелијте го месото со течноста од тавата и вратете го во рерна да се запече на 200°C додека убаво не зарумени.