Храна и Пијалаци

Палента со спанаќ: Полна со протеини, кремаста и полна

Овој начин на подготовка ќе ви се допадне.

Палента со спанаќ: Полна со протеини, кремаста и полна

Љубителите на палента постојано смислуваат додатоци и начини на подготовка, а овој рецепт ќе ви даде идеја дека дополнително можете сами да се усовршите. Ова е порција за еден човек.

Состојки:

45 гр палента
250 мл вода
1 јајце
1 лажица грчки јогурт со малку маснотии
спанаќ по желба
сол

Подготовка:

Во зовриената вода додадете ја палентата и измешајте ја. Кога ќе се свари, додадете му едно јајце и сето тоа измешајте уште малку. Потоа додадете една лажица грчки јогурт, а потоа спанаќот. Посолете по вкус. Мешајте уште неколку минути на шпорет, па истурете во сад.

To top