Дали сакате чоколадо, но ви пречат адитивите? Препорачуваме да направите домашен десерт
Потребно е многу малку време за подготовка, а резултатот ќе ве воодушеви.
Состојки:
3 супени лажици кокосово масло
3 лажици какао
3 лажици мед
Додатоци:
мелени бисквити
кокос
лешници
Подготовка:
Се топи кокосовото масло, па се додаваат какаото и медот. Намалете ја температурата и варете околу 3-5 минути со постојано мешање. Добиената смеса истурете ја на хартија или алуминиумска фолија и посипете со мелени бисквити и кокос. По желба можете да додадете и дополнителни додатоци како суво овошје, лешници…