Храна и Пијалаци

Направете домашен џем од јагоди: Потребни ви се само 3 состојки, готов е за половина час, а неговиот вкус е едноставно неодолив

Направете домашен џем од јагоди: Потребни ви се само 3 состојки, готов е за половина час, а неговиот вкус е едноставно неодолив

Јагоди, најпопуларно, а на многумина омилено црвено овошје. Доколку сте љубител на мармалади и џемови, ви предлагаме да го пробате овој брз рецепт за домашен џем од јагоди.

Џемот од јагоди е омилениот сладок овошен намаз на многумина, а за негова подготовка ќе ви бидат потребни само 3 состојки.

Состојки:

500 гр исчистени јагоди
1 ½ шолја шеќер
сок од еден лимон
1 стерилизирана тегла

Подготовка:

Прво исчистете ги јагодите од дршките и добро измијте ги. Јагодите исечкајте ги и ставете ги во поголем огноотпорен сад, а потоа посипете ги со шеќер и додадете сок од лимон.

Овошјето добро измешајте го, ставете го садот во микробранова печка и загрејте го на највисока температура четири минути. После тоа, извадете го садот, измешајте ја смесата и вратете ја уште 15 минути.

За тоа време земете чинија и ставете ја во замрзнувач. Кога ќе забележите дека џемот ќе зоврие, исклучете ја микробрановата печка, промешајте, оставете да се „сталожи“, потоа вратете го и продолжете со готвењето.

По 15 минути џемот и понатаму ќе биде прилично редок, а можете да проверите дали е готов така што ќе извадите чинија од замрзнувачот и ќе прелиете со една лажица џем, па повторно ставете го во замрзнувач две до три минути. Ако џемот е доволно густ, тоа значи дека е готов.

To top