Храна и Пијалаци

Наполеон торта (Millefoglie)

Наполеон торта (Millefoglie)

Наполеон торта е нежен десерт составен од слоеви крцкаво лиснато тесто и богата ванила-крема. Совршен избор за свечени пригоди или кога сакате да импресионирате со елегантен домашен колач.

Состојки:

2 пакувања лиснато тесто
2 јајца + 1 жолчка
4 пудинзи од ванила
1 литар млеко
1 кесичка желатин за колачи (10 г)
8 лажици шеќер
5 лажици густин
300 мл слатка павлака
100 грама маргарин/путер

Подготовка:

Потребни се три кори од лиснато тесто. Секоја кора развлечете ја според големината на плехот и печете ја во загреана рерна на 200°C околу 15 минути, додека добие златно-кафеава боја.

Оставете ги да се изладат. Подгответе го пудингот од ванила со млекото, шеќерот, јајцата, жолчката и густинот, мешајќи додека се згусне. Во сè уште млаката крема додадете го маргаринот и мешајте додека се растопи и соедини.

Посебно изматете ја слатката павлака во цврст шлаг, па додадете ја во изладената крема. Матете додека добиете мазна и изедначена смеса. Изладените кори премачкајте ги со кремот, така што кремата ќе ја поделите на два дела.

По желба, можете да додадете и дополнителен слој шлаг над кремата. Колачот оставете го во фрижидер, најдобро преку ноќ. Пред сервирање, посипете со шеќер во прав и исечете на правоаголни парчиња.

To top