Храна и Пијалаци ќе ви се допадне

Најдобрата летна салата што ќе ја пробате: Кој би помислил дека смоквите ќе бидат совршена комбинација со овој производ

Најдобрата летна салата што ќе ја пробате: Кој би помислил дека смоквите ќе бидат совршена комбинација со овој производ

Салатата од смокви и сирење е апсолутен летен хит. Со задоволство ќе го јадете во топлите ноќи, а пријатно ќе ве освежи.

Состојки:

250 гр свежа рукола
4 свежи смокви преполовени
100 гр младо сирење
30 гр ореви, потпечени и исечени на половина
30 гр семки од калинка
2 супени лажици маслиново масло
1 лажица балсамико оцет
сол и свежо мелен црн пипер по вкус

Подготовка:

За да ја направите оваа салата, прво рамномерно распоредете ја руколата на голема чинија. Над руколата ставете преполовени смокви и парчиња сирење. Над салатата рамномерно посипете ги препечените половини од орев и семките од калинка.

Додадете маслиново масло и балсамико оцет. Зачинете со малку сол и малку мелен црн пипер по вкус.

To top