Храна и Пијалаци

Најдобата бисквит торта, се топи во уста

Најдобата бисквит торта, се топи во уста

Кога сакате нешто слатко, подгответе бисквитна торта со 2 чоколадни фила што ќе им се допаднат на сите.

Состојки:

400 гр маскарпоне или крем сирење
500 мл слатка павлака
80 гр шеќер во прав
150 гр бело чоколадо
150 гр нутела
200 мл млеко
400 гр бисквити

Подготовка:

Направете го основниот фил

Во сад изматете крем сирење (или маскарпоне) со шеќер во прав, па додадете ја слатката павлака и продолжете со матење додека не добиете густ крем. Поделете на 2 еднакви дела.

Додадете чоколадо и нутела

Во едната половина од филот додадете го стопеното бело чоколадо и убаво измешајте со миксер. Во втората половина од филот додадете нутела и соединете со миксер.

Наредете ја тортата

Потопете го бисквитот во млекото, па наредете го на дното од калапот. Одозгора намачкајте половина од филот од нутела, па повторно наредете го бисквитот што сте го потопиле во млеко. Половина од филот со бело чоколадо ставете и наредете ги бисквитите потопени во млеко повторно одозгора. Потоа оди остатокот од филот за нутела (оставете малку за горниот слој), уште еден слој бисквити натопени во млеко и преостанатиот фил од бело чоколадо. Наредете уште еден ред бисквити потопени во млеко и намачкајте го филот од Нутела. Украсете со рендано чоколадо и ставете го во фрижидер да се стегне околу 4 часа.

To top