Состојки:
- 4 средни модри патлиџани
- 200 грама фета сирење
- 4-5 чешниња лук
- 50 мл маслиново масло
- 50-60 грама ситно сецкани ореви
- 1 лажица сок од лимон
- магдонос
- сол и бибер по желба
Подготовка:
Печете ги модрите патлиџани во рерна, кога малку ќе се изладат, излупете ја кожата и исечкајте ги. Изгмечете го лукот и сирењето, додадете ги оревите и сечканите модри патлиџани, додадете сол, малку бибер и сок од лимон и прелијте го загреаното масло врз сè додека не зоврие (не смее да зоврие). Модрите патлиџани едноставно ја впиваат маснотијата и стануваат исклучително фини. Зачинете со магдонос.