Оваа кремаста и ароматична супа од печен лук е вистинска утеха за непцето. Печениот лук добива благ, сладок вкус и совршено се спојува со компирот, празот и кремот, создавајќи богата и мазна супа – идеална како предјадење или лесен оброк.
Состојки:
- 3 главици лук
- 1 мала главица кромид
- 1 праз (белиот дел, по желба, но дава одлична арома)
- 2 компири (околу 300 грама, излупени)
- 500 мл пилешки бујон (или вода + 1 коцка за супа од пилешко)
- 1/2 лажичка сол
- 1/4 лажичка црн бибер
- 1 лажица путер
- 150 мл неутрална павлака
- 3 лажици маслиново масло
Подготовка:
Со прсти отстранете ја надворешната лушпа од главиците лук, оставајќи еден тенок слој што ќе ги држи чешнињата заедно.
Отсечете околу 1 см од врвот на секоја главица, доволно за да се видат чешнињата. Секоја главица ставете ја на посебно парче алуминиумска фолија, посолете и полејте со малку маслиново масло. Завиткајте и печете во загреана рерна на 200 °C, 40–60 минути, додека лукот целосно не омекне и добие златно-кафеава боја.
Извадете од рерна, оставете кратко да се излади и истиснете ги чешнињата од лушпата. Тргнете настрана.
Во тенџере загрејте малку маслиново масло и пропржете го ситно сечканиот кромид додека не застакли. Додадете го празот исечен на тркалца и пржете 2–3 минути.
Кога ќе замириса, додајте ги компирите исечени на коцки и кратко пропржете сè заедно.
Додадете го бујонот и посолете по вкус (или додајте вода и коцка за супа). Варете околу 15 минути. Потоа додајте го печениот лук и продолжете со варење додека компирите целосно не омекнат. Со рачен блендер изблендирајте ја супата додека не добиете мазна и кремаста текстура. Додадете го путерот, црниот бибер и павлаката за готвење. Мешајте на тивок оган додека супата повторно не зоврие. По потреба, разредете со уште малку бујон.
Послужете ја супата топла, по желба со потчечен или свеж леб.