Храна и Пијалаци рецепт

Крцкави и вкусни ролни полни со зеленчук

За да го направите овој вкусен, интересен и пред се здрав оброк, потребни ви се само неколку состојки кои сигурно ги имате дома.

Крцкави и вкусни ролни полни со зеленчук

За да го направите овој вкусен, интересен и пред се здрав оброк, потребни ви се само неколку состојки кои сигурно ги имате дома.

Состојки:

-1 пакување тенки кори
– 100 гр моркови
– 100 гр свежа зелка
– 100 гр целер
– 100 гр тиквички
– сол, бибер
– малку соја сос
– масло
– по желба семки од тиква, сончоглед, лен…

Подготовка:

1. Зеленчукот по желба можете да го исечете на стапчиња или да го изрендате.

2. Намачкајте ги корите и филувајте ги. Зачинете го зеленчукот со сол и бибер, додадете семки по избор, посипете сè со соја сос и завиткајте (треба да бидат 5 x 1,5 см).

3. Пржете ги на масло додека не поруменат.

4. Послужете ги веднаш додека се топли со убав сос по избор.

To top