Храна и Пијалаци Уживајте

Колач со замрзнати вишни, најслаткиот рецепт од кујната на баба

Колач со замрзнати вишни, најслаткиот рецепт од кујната на баба

Вистински, колач со вишни, како што правеа нашите баби…

Состојки:

пет јајца
чаша јогурт
чаша зејтин
две чаши брашно
1,5 чаши шеќер
половина кесичка прашок за пециво
400 гр замрзнати вишни
шеќер во прав

Подготовка:

Одделете ги белките од жолчките, а потоа изматете ги белките во тврд снег, постепено додавајќи шеќер. Додадете ги жолчките и нежно измешајте со шпатула. На крајот измешајте ги јогуртот, зејтинот и брашното измешано со прашокот за пециво. Кога ќе се соединат сите состојки, истурете го тестото во намрсена и набрашнета тава, а одозгора ставете ги одмрзнатите вишни и нежно притиснете ги во тестото. Се пече во рерна загреана на 180 степени. Откако ќе се излади, се посипува со шеќер во прав, па се сече на коцки.

Уживајте!

To top