Потребно е:
20 гр квасец
200 мл млеко
5 лажици масло
едно јајце
по една кафена лажичка сол и шеќер
380 гр брашно (меко, тип 400)
70 гр кисела павлака
50 гр маргарин
За полнење:
80 гр сирење
50 гр шунка
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 260 степени. Во сад се ставаат квасецот, шеќерот, топлото млеко, маслото (едно јајце се матат во шолја и се оставаат две лажици во истиот сад), остатокот се истура во сад и се меша квасецот да се растопи. Оставете да отстои половина час.
Во добиеното тесто постепено додавајте брашно и сол, па измесете го за да формирате топка.
Се остава да отстои половина час, па се меша и се дели на две топчиња.
Оставете уште 15 минути, па со сукало направете 2 тенки кругови.
Еден круг премачкајте го со павлаката, па врз него ставете друг и изрендајте маргарин.
Се сече на четвртинки и секој на 3 триаголници. Нанесете го филот и виткајте во ролат.
Кифличките премачкајте ги со јајце и посипете ги со сусам.
Се печат околу 20 минути во рерна загреана на 260 степени.
Пријатно јадење!