Храна и Пијалаци рецепт

КИФЛИ СО ШУНКА СПОРЕД РЕЦЕПТ НА СТАР ПЕКАР: Ќе бидат свежи и по неколку дена

Загрејте ја рерната на 220 степени.

КИФЛИ СО ШУНКА СПОРЕД РЕЦЕПТ НА СТАР ПЕКАР: Ќе бидат свежи и по неколку дена

Ќе ви треба:

170 мл млеко
30 г квасец
1 лажичка шеќер
1,5 лажички сол
50 мл масло
100 мл јогурт
1 јајце
1 белка
600 г брашно
300 г шунка
100 г путер
1 жолчка
сусам

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени.

Загрејте го млекото во сад додека не стане топло, потоа тргнете го од оган и додадете го издробениот квасец, шеќерот и брашното.

Потоа оставете околу 20 минути за квасецот да нарасне.

Истурете го нараснатиот квасец во поголем сад и додадете го јајцето, маслото, јогуртот, белките, брашното и солта.

Замесете го тестото од состојките и оставете го да отстои околу 40 минути.

Потоа поделете го нараснатото тесто на 2 еднакви делови.

Секој дел расукајте го во круг што е можно поголем и исечете го на 16 делови.

Ставете парче шунка на секое и завиткајте во кифли.

Потоа наредете ги кифличките во плех обложен со хартија за печење.

Премачкајте ја секоја кифла со изматена жолчка од јајце, потоа прелијте ја со растопен путер и наросете со сусам.

Печете ги кифлите околу 15 до 20 минути, во рерна загреана на 220 степени.

To top