Состојки:
- 1кг карфиол
- 3 јајца
- 300 грама павлака
- сол
- мелен бибер
- пармезан
- 200 грама рендано сирење
- масло
Подготовка:
Исчистете го, измијте го и искинете го карфиолот на цветчиња. Додадете ги во врела вода околу 10 минути за да омекнат. Изматете ги јајцата рачно, зачинете со сол и црн бибер, додадете ја павлаката и добро измешајте. Ако е премногу густа, додадете малку млеко. Извадете го карфиолот од водата и истурете го дресингот во сад намастен. Посипете обилно со пармезан и ставете го ренданото сирење одозгора.Печете во претходно загреана рерна додека не добие златно-кафеава боја, околу половина час. Може да биде ладно или топло предјадење или главно јадење со салата.