Храна и Пијалаци Десерт

Карамелизирани јаболка

Кога сочните јаболка ќе се обвиткаат со нежен слој домашна карамела, се создава неодолив десерт што ги буди сетилата. Карамелизираните јаболка се совршен избор за слатко задоволство во секое време од годината.

Карамелизирани јаболка

Состојки:

  • 4 јаболка
  • 200 грама кафеав/бел шеќер
  • 30 грама путер
  • 120 грама слатка павлака
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • прстофат сол
  • Додатоци по желба за украсување ( јаткасти плодови, чоколадни трошки, кокос и сл.)

Подготовка:

Јаболката темелно измијте ги и добро исушете ги. Во средината на секое јаболко забодете дрвено стапче или ражен до крај, за да стои цврсто. Во тенџере ставете ги кафеавиот шеќер, слатката павлака, путерот и солта. Загревајте на средна температура со мешање додека путерот целосно не се растопи. Потоа продолжете со готвење без мешање околу 5 минути, додека смесата не се згусне и добие карамелна боја. Тргнете го садот од оган, додадете го екстрактот од ванила и добро промешајте. Оставете карамелата да се олади неколку минути. Потопете ги јаболката едно по едно во карамелата, рамномерно обложете ги и отстранете го вишокот. По желба украсете со додатоци: јаткасти плодови, кокос, чоколадни трошки… Поставете ги јаболката врз хартија за печење и оставете ги кратко да се оладат пред сервирање.

Совети:

Ако карамелата е прегуста, додајте 1–2 лажици топла павлака и кратко промешајте. Ако е преретка, варете уште 30–60 секунди.
Најдобро се консумираат истиот ден.

To top