Потребно е:
За пандишпанот:
300 гр бисквити
За филот:
400 мл слатка павлака
500 гр маскарпоне
50 гр шеќер во прав
3-4 банани
какао во прав
Подготовка:
Одделно изматете ја павлаката и додадете го шеќерот.
Додадете го маскарпонето и измешајте во крем.
Оставете да се излади. Исечете ги бананите на половина по должина.
Потопете ги колачињата во кафе, врз нив наредете ги бананите и покријте ги со филот.
Повторете ја постапката додека не го потрошите целиот материјал.
Оставете го тирамисуто во фрижидер да се излади неколку часа, по можност преку ноќ, а потоа посипете го со какао.