Храна и Пијалаци рецепт

Домашно чоколадно млеко: Повкусно од купечкото! (РЕЦЕПТ)

Кога ќе спомнеме чоколадно млеко, веднаш се сеќаваме на нашето детство. Затоа е време сега да направите домашно.

Домашно чоколадно млеко: Повкусно од купечкото! (РЕЦЕПТ)

Кога ќе спомнеме чоколадно млеко, веднаш се сеќаваме на нашето детство. Затоа е време сега да направите домашно.

Состојки:

30 гр чоколадо за готвење
лажица какао во прав
200 мл млеко
30 гр шеќер
прстофат сол

Подготовка:

Во мало тенџере се става искршената чоколада, па се додаваат какаото и 100 милилитри млеко. Варете на тивок оган додека да се растопи чоколадото.

Потоа истурете го остатокот од млекото, додадете прстофат сол и варете уште неколку минути додека мешате.

На крајот додадете шеќер, измешајте, изладете и послужете.

To top