Состојки:
- 500 грама мешани печурки
- 1 црвен кромид
- 2 чешниња лук
- 1 морков
- 200 мл бело вино
- 250 мл млеко или павлака за готвење
- масло или путер
- зеленчук, сол, бибер, магдонос, мајчина душица по вкус
Подготовка:
Исчистете ги печурките, и исецкајте ги. Излупете го црвениот кромид и морковот, исецкајте ги ситно и лесно пржете ги во врело масло, додека кромидот не добие златна боја. Додадете го исчистениот и исецкан лук заедно со печурките и пржете на тивок оган, додавајќи вода. Додадете вода во печурките по потреба, прелијте со виното, зачините и гответе на тивок оган, мешајќи додека супата малку не зоврие и печурките не омекнат. Додадете павлака или млеко и гответе додека супата не се згусне. Густината може да се постигне и со додавање малку брашно измешано со вода.
Сервирање
Сервирајте топло, со препечено лепче…