Храна и Пијалаци рецепт

Домашна гранола

Во длабок сад ставете ги сите состојки и добро измешајте ја смесата.

Домашна гранола

Состојки:

300гр интегрални овесни снегулки
75гр бадеми
75гр лешници
30гр кокосов чипс
70гр семки од сончоглед
2 лажици маслиново масло
1 лажичка цимет
230гр мед

Подготовка:

Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Во плех од рерна ставете хартија за печење.
Бадемите и лешниците крупно исечкајте ги. Во длабок сад ставете ги сите состојки и добро измешајте ја смесата. Распоредете ја врз хартијата за печење и ставете да се пече 20 минути. Промешувајте ја гранолата на секои 4-5 минути за подеднакво да се испече.
Оставете да се излади па ставете во тегли и затворете со капаци. Вака ќе трае и неколку недели.

To top