Храна и Пијалаци рецепт

ДОМАШЕН СЛАДОЛЕД ОД БОРОВНИЦИ: Разладува и заблажува во исто време, две топки нема да ви бидат доволни

Изблендирајте ги боровинките во блендер додека не добиете густо пире.

ДОМАШЕН СЛАДОЛЕД ОД БОРОВНИЦИ: Разладува и заблажува во исто време, две топки нема да ви бидат доволни

Ви треба:

4 чаши боровинки
1/4 чаша шеќер
сок од 1 лимон
кора од 1 лимон
750 мл слатка павлака
420 мл кондензирана млеко

Подготовка:

Изблендирајте ги боровинките во блендер додека не добиете густо пире.

Потоа гответе ги во тенџере на средна температура со шеќер, сок од лимон и кора од лимон.

Откако ќе зоврие, намалете ја температурата. Оставете да крчка околу 15 минути, додека не се згусне.

Оставете во фрижидер два часа целосно да се олади. Одделно, изматете ја слатката павлака и додадете го кондензираното млеко и мешајте додека не добиете воздушеста смеса.

Потоа додадете го пирето од боровинки. Оставете го сладоледот во фрижидер најмалку пет часа.

To top