Храна и Пијалаци рецепт

Добитна комбинација за префинети полнети компири

Послужете ги со сала и уживајте.

Добитна комбинација за префинети полнети компири

Со само неколку состојки, можете лесно да подготвите специјалитети идеални за секоја прилика.

Печените компири се едно од оние јадења за кои не е потребна вештина во кујната, а најзабавниот дел е да ги наполните со вашите омилени состојки како крцкава сланина, миризлив крем од лук и павлака се.

Состојки:

• 8 средни компири;
• 2 супени лажици маслиново масло;
• 300 г кисела павлака;
• 150 г сланина;
• 2 главици млад кромид;
• една китка магданос;
• 1 мала главица лук;

Подготовка:

Компирите исчистете ги, добро измијте ги и исушете ги. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.

Сланината исечкајте ја на тенки кришки и ставете ја на тавчето да се пржи. Кога ќе стане крцкава, извадете ја и оставете ја на страна, а маслото зачувајте го.

Избоцкајте ги компирите, па посипете ги со масло и наслоте. Ставете ги во рерна на решетката, под која ставате плех. Печете околу час и 20 минути или додека не се испечени.

Исечето го врвот на главата на лукот, подмачкајте го со масло, завиткајте го во алуминиумска фолија и ставете го во рерна. Извадете го по 45 минути и оставете да се излади.

Измешајте кисела павлака, сечканиот млад кромид и сечканиот магданос. Исцедете го печениот лук од обвивката, а потоа додадете малку масло од сланината и измешајте.

Секој компир исечете го со кора и премачкајте го со крем со лук, додадете крем со кромид и посипете со крцкава сланина.

To top