Храна и Пијалаци Вкусен десерт

Чоколадни мафини

Доколку сте љубител на брзи, вкусни и чоколадни десерти – овие мафини се совршени за вас! Се подготвуваат лесно, со состојки што веќе ги имате дома, а резултатот е неодолив. Следете го рецептот подолу и подгответе меки и сочни чоколадни мафини.

Чоколадни мафини

Состојки:

  • 250 грама брашно
  • 50 грама какао во прав
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 200 грама кристал шеќер
  • 50 грама чоколадни топчиња или темно чоколадо (сечкано или рендано)
  • 2 цели јајца
  • 100 мл масло 250 мл млеко

Подготовка:
Во голем сад измешајте ги сувите состојки: брашното, какаото, прашокот за печиво и шеќерот.
Во посебен сад изматете ги јајцата, млекото и маслото. Постепено додавајте ја течната смеса во сувите состојки и мешајте додека не се добие хомогена смеса. На крај додадете ја сечканата чоколада или локоладните топчиња.
Распоредете ја смесата во калапи за мафини и печете на 180°C околу 20–25 минути, или додека не се испечат.
Послужите ги топли.

To top