Со крцкави кори и сочен фил, ќе го нема за минута.
Состојки:
1/2 кг тенки кори за гибаница
Прелив:
3 дл вода
1 дл масло
1 лажичка сол
Фил:
300 г шампињони
3 главици кромид
сув билен зачин
бибер
масло
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Сварете сол, масло и вода и оставете да се олади. Пржете ситно исечкан кромид во масло, потоа додадете исечкани печурки, суви зачини и бибер по вкус. Наредете 4 кори во кружна тава, така што едниот врв од кората да биде во тавата, а другиот надвор. Прелијте со изладениот дресинг врз корите и наредете ги печурките. Наредете ги корите повторно во круг и повторувајте додека не го потрошите целиот материјал. Превиткајте ги краевите од кората еден врз друг. Повторно прелијте со дресингот и избоцкајте со вилушка. Печете го бурекот околу половина час во рерна загреана на 200 степени. Превртете го бурекот наопаку. Исечете го и послужете.