Ако ви треба брз десерт, спасот се крие во рецептот за чоколадна торта што можете да ја направите за дваесет минути.
Состојки:
2 јајца
50 гр какао во прав
150 гр брашно
малку сол
1 лажичка прашок за пециво
70 гр шеќер
6 лажички масло
50 мл млеко по избор (ориз, кравјо, бадем)
половина лажица екстракт од ванила (по избор)
Подготовка:
Измешајте ги сувите состојки. Додадете ги течните состојки и сè добро измешајте. Ставете ја смесата во мал калап за колачи и печете 20 минути во рерна на 180 Целзиусови степени.
Доколку сепак сакате малку да ја украсите, брзо и ефикасно решение ќе бидат чоколадната глазура или шеќерот во прав.