Храна и Пијалаци Вкусна закуска

Брускети со карфиол

Направете цветни брускети и уживајте во топли и крцкави залачиња.

Брускети со карфиол

Состојки: (за 4 лица)

  • 1 голем карфиол (околу 600 г) или 2 средни
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 згмечен лук
  • малку сол
  • 200 грама сирење (полутврдо)
  • 1 лажичка мелена пиперка
  • 3 млади кромитчиња

Подготовка:

Исечете го карфиолот на стекови (дебелина од околу 1 см). Ставете ги на плех за печење покриен со хартија за печење. Измешајте го маслиновото масло, згмечениот лук,  мелената пиперка и солта и премачкајте го карфиолот со смесата. Печете во претходно загреана рерна на 220 °C 10 минути, потоа свртете го, премачкајте го со четка и печете уште 10 минути. Додадете рендано сирење на сè уште топлите стекови, наросете со сецкан млад кромид.

Сервирајте топло

To top