Храна и Пијалаци рецепт

Богата есенска чорба

Оваа богата есенска чорба носи топлина на студените денови со секоја лажица.

Богата есенска чорба

Оваа богата есенска чорба носи топлина на студените денови со секоја лажица.

Состојки:
(за 4 лица)

3 лажици масло
100 грама кромид
50 грама панцета
2 чешниња лук
100 грама корен од целер
50 мл суво бело вино
80 грама златен ориз со 3 зрна
200 грама компири
400 грама печурки (шампињони, буковка, вргањ)
1 лажичка сув зачин
црн пипер и сол (по желба)
1 лажица сецкан магдонос

Подготовка:

Во загреано масло, пржете го ситно исецканиот кромид додека не добие златно-кафеава боја, потоа додадете ја исецканата панцета. Кратко пропржете, додадете го лукот и исецканиот корен од целер. Прелијте го виното, додадете го оризот од 3 зрна, исецканите компири, прелијте со загрена вода и гответе на тивок оган околу 15 минути. Потоа додадете ги исецканите печурки, сувиот зачин , црниот пипер и солта по потреба. Гответе сè заедно уште околу 20 минути. На крај наросете со сецкан магдонос.

Совет:
Можете да користите само еден вид печурки, а за поинтензивен вкус можете да додадете малку сушени печурки што претходно сте ги натопиле во топла вода.

To top