Ќе ви треба:
500 г кора за баклава
150 г шеќер
500 г мелени ореви
250 г гриз
1 прашок за пециво
За преливот:
500 г шеќер
500 мл вода
1 ванилин шеќер
1 лажичка сок од лимон
Подготовка:
За филот, измешајте го шеќерот, гризот и прашокот за пециво, потоа додадете 50 мл вода за да добиете хомогена маса и поделете на 10 дела.
Одделете 20 кори. Раширете една кора, напрскајте со масло, ставете ја другата кора одозгора, напрскајте со масло. Ставете дел од филот на едниот крај од кората и цврсто завиткајте.
Направете го истото со преостанатите кори и фил за да добиете 10 ролни.
Наредете ги на намастен плех за печење, премачкајте ги со масло и исечете ги на парчиња долги 5 см. Печете во рерна на 180 степени околу половина час или додека не поруменат.
За преливот, зовријте ги шеќерот и водата, потоа варете уште 5 минути и додадете го лимонот. Прелијте го изладениот сируп врз топлата баклава.