Луѓето родени во периодот меѓу 23 август и 23 септември се претставници на знакот Девица. Тие се управувани од знакот Меркур, што значи дека се практични личности кои често се перфекционисти во различни делови од животот.
Ова се работите кои ќе ги разберете само ако сте родени во знакот Девица
Вие сте си себеси најголеми критичари
Постојано барате начини да бидете подобри од претходно. Често се обвинувате и за најмалите грешки и тешко ви е да сфатите работите не можат да бидат совршени постојано. Дајте си признание за напорната работа, наместо постојано да бидете самокритични.
Сакате да сте постојано зафатени
Девиците обожаваат да се во средина која постојано се менува, каде можат да се осврнат на деталите и да ги искористат сите средства кои ги имаат на располагање. Често се чувствувате и чудно, особено ако не гледате дека постои продуктивност во вашата работа. Затоа, најдобро е да направите пауза да вдишете длабоко и да се трудите да не си создавате преголем стрес.
Сакате сите работи да се „ под конец”
Организираноста ви е најважна и си имате ред и место за сите работи во вашиот живот. Веројатно многу ви е тешко да функционирате покрај хаотични колеги или луѓе кои постојано прават грешки. Сакате сите работи да се направат на вистинскиот начин, дури и тоа да мора да го направите самите.
Паметите многу работи
Имате неверојатна меморија и паметите многу разговори кои сте ги имале. Вие сте веројатно пријателот кој ги памети сите родендени и важни датуми во друштвото.
Имате минималистички стил
Кога одлучувате што да облечете, избирате минималистички детали со неутрална боја. Не сакате шаренило од бои или голем накит, туку облека која совршено се поклопува со вашиот карактер.
Одлично управувате со своето време
Управувате со својот ден совршено и имате големо задоволство кога во таквиот распоред ќе успеете да завршите многу работи во текот на денот. Без оглед на тоа што и да работите, лесно ви е да ја забележите промената и прогресот кој го правите.
Пребирливи сте во однос на тоа кого пуштате во својот живот
Потребно ви е време да сфатите дали одредена личност го заслужува вашето внимание, но и љубов и веројатно на почетокот сте многу резервирани. Иако не делувате така, прилично чувствителни сте во однос на романтичните и социјални ситуции во вашиот живот.