Хороскоп

Парите секогаш им се на прво место: Жените од овој знак се мажат од корист

Парите секогаш им се на прво место: Жените од овој знак се мажат од корист

За нив парите се на прво место, а љубовта е бонус што доаѓа, но не мора да се случи. Има некои жени кои како девојки сонувале да станат принцези, но кога пораснале сакале да бидат кралици.

Тие сакаат сè и веднаш. Животот во изобилство е се разбира за нив.

Еве за кои жени станува збор:

Жени Овен

Ако жената Овен се заљуби, тогаш парите не и се толку важни. Таа е крајно импулсивна и на тој начин влегува во брак. Жената Овен е способна наеднаш да одлучи да „одлета“ во брак, страсно и импулсивно, без жалење или поглед на минатото. Ако сака да се омажи богато, таа најчесто ќе најде сопруг меѓу Стрелците, Лавот и Овенот. Нејзината примарна желба е покрај себе да има богат сопруг.

Жени Бик

Жената Бик има голема желба да се омажи богато, но ќе работи и да се заљуби во богат маж. Жените Бикови секогаш се трудат да изгледаат совршено, но и важно и е покрај себе да има некој со кој ќе доживее голема романса. Ако сака финансиска сигурност во бракот, жената Бик мора да бара сопруг меѓу Вага, Риби и Јарец.

Жени Близнаци

Жените во овој знак ги сакаат парите и ги сметаат за главен фактор на слобода и инспирација. Материјалните тешкотии можат само да ја повредат нивната чувствителна душа. Жената Близнаци ќе стапи во брак само поради една причина: да обезбеди материјална сигурност. Меѓутоа, проблем настанува кога нејзиниот сопруг не и ја дава толку потребната слобода на која таа е толку навикната. Таа е во состојба да има афера со маж кој е побогат и финансиски постабилен од нејзиниот сопруг. Скоро секој хороскопски знак им одговара за брак освен Шкорпија и Овен.

Жени Лав

Жените Лав имаат мото: извлечете го најдоброто од животот. Ова важи и за изборот на брачен партнер. Тука често се појавуваат проблеми бидејќи партнерот излегува од нивна контрола и не ја исполнува нивната идеална слика, па доаѓа до расправија. Жената Лав мора да го одржува своето ниво и затоа не се согласува на компромиси. Ако сака финансиска сигурност, мора да бара брачен партнер во знакот Овен, Бик или Лав.

Жени Шкорпија

Смислата на нејзиниот живот е да фати добро ситуиран маж. Не ни помислуваат да заработат, тоа го очекуваат од своите сопрузи. Жената Шкорпија без двоумење ќе замени сексуални услуги за пари. Тие не сакаат љубов, сакаат пари. Идеален брачен партнер им е оној под знакот Вага, Девица и Водолија.

Жени Јарец

Тоа е типичен пример за жена која бара брак чисто заради погодност. Ќе смислат стратегија како да го фатат најдобриот примерок. За неа, бракот од корист е единствениот брак во кој сакаат да бидат. Жената Јарец ќе цвета само со финансиски стабилен маж.

Жени Риби

Тие се вистински познавачи на се убаво и софистицирано, а тоа чини пари. Тие бараат некој кој ќе ги задоволи и психички и физички. Ако мажот не ги задоволи нивните потреби, тие брзо ќе го заменат со друг. Тие мора да бараат свои финансиски спонзори меѓу Шкорпиите и Стрелците.

To top