Дали некогаш сте почувствувале паника ако телефонот не ви е во дофат? Астрологијата вели дека ѕвездите имаат големо влијание врз тоа колку време поминуваме пред екраните. Додека некои го користат за работа, други не можат да престанат со „скролање“ на социјалните мрежи.
Проверете дали вашиот знак е меѓу најголемите дигитални зависници:
Близнаци: Нивната неутолива љубопитност ги држи постојано на пораки и вести.
Скорпија: Телефонот им е алатка за контрола – мора да знаат сè што се случува во секоја секунда.
Вага: Зависници од внимание и социјален контакт, секогаш достапни за пријателите.
Рак: Нивниот уред е „жешка линија“ со семејството – постојано се во контакт со најблиските.
Јарец: За нив телефонот е преносна канцеларија. Без него, организацијата им пропаѓа.
Овен: Брзи на прсти, уште побрзи на одговори. Сакаат постојана акција на мрежите.