Некои хороскопски знаци во април лесно би можеле да подготват „свадбени ѕвона“, бидејќи ги чека голема среќа во љубовта. Ова се четирите избрани според астролозите:
Бик
Очекувајте исполнување на љубовта и хармонијата во врската. За оние кои се соло, сродната душа е веќе во близина, само треба да ја откриете. Не пропуштајте ја можноста за нови познанства.
Лав
По турбулентен период, април носи стабилност и нова шанса за љубов. За слободните Лавови, можностите да најдат партнери со слични верувања се многубројни. Зафатени, очекувајте ситни предизвици кои лесно се решаваат.
Девица
Среќата во љубовта е на повидок за Девиците! Отворете го срцето за нови врски и планирајте романтични гестови за вашиот партнер. Бидете свесни дека вашата среќа нема да остане незабележана.
Вага
Јупитер им носи големи можности на вљубените Ваги. Отворете се за нови врски и избегнувајте импулсивни одлуки кои можат да влијаат на вашата среќа. Зафатени Ваги, посветете му се на партнерот за зајакнување на вашата врска