Водолијата е независна личност, а секој обид да ѝ се ограничи слободата претставува ризик за прекин на односот со неа. Слободата и независноста се главните услови за среќата на овој знак.
Однадвор може да изгледа бездушно и ладно, но однатре е пријателски настроена и секогаш се обидува да им помогне на оние што ги смета за пријатели. Припадниците на овој знак сакаат кога луѓето околу нив се среќни и секогаш се обидуваат да направат сè што можат за сите да се чувствуваат подобро, без да очекуваат нешто за возврат.
Единственото нешто што навистина им е важно е да не им се ограничува слободата и да можат да живеат без обврски што е можно подолго.
Водолиите секогаш бараат некоја корисна работа што ќе им го исполни животот. Тие се одлични социјални работници и психолози, бидејќи обожаваат да комуницираат со луѓе.
Водолиите се прогресивни мислители на своето време и често влијаат врз формирањето нови идеи и теории.
Тие ја обожаваат вистината. Никогаш нема да кажат нешто што не го мислат, а понекогаш знаат да бидат и брутално искрени. Поради тоа, Водолиите често страдаат, но никогаш нема да го сменат своето однесување.
Токму поради нивната огромна желба да ја кажат вистината, Водолиите важат за најпаметниот знак во зодијакот.
Луѓето родени во знакот Водолија се полни со парадокси: поседуваат одлични комуникациски вештини, а го обожаваат осаменичкиот живот!