Рускиот астролог Тамара Глоба тврди дека за овој хороскопски знак работите ќе тргнат на подобро.
Рускиот астролог Тамара Глоба најавува дека на еден хороскопски знак од 21 јануари сè ќе му тргне на подобро. Додека многумина закрепнуваат од празничните денови во јануари, луѓето родени на крајот од зодијакот влегуваат во период кога соништата почнуваат да добиваат форма, а самодовербата расте.
Според прогнозите на рускиот астролог Тамара Глоба, за хороскопскиот знак риби од 21 јануари се отвора посебен прозорец на можности. Природната интуиција на рибите се изострува и станува точен компас, додека креативните идеи кои претходно живееле само во мислите, конечно го пронаоѓаат патот до реализацијата.
Нивната емпатија се трансформира во практична алатка за градење стабилни и длабоки односи, што ќе им донесе голема среќа. Од 21 јануари, родените во знакот риби може да очекуваат позитивни промени во два животни сегменти по двогодишниот пекол што им го приреди престојот на Сатурн во нивниот знак.
Кариера и финансии
Овој период е идеален за промени во кариерата. Рибите може да очекуваат ненадејна добра понуда, ќе завршат успешен проект или ќе решат долгогодишен финансиски проблем. Важно е да не бидат срамежливи кога станува збор за изразувањето на амбициите, бидејќи шефовите и колегите ќе бидат особено отворени за иницијативите на овој знак.
Љубовни односи
Енергијата овој период фаворизира искреност и интимност. Слободните риби може да очекуваат романтична средба заснована на длабоки емоции, додека зафатените риби треба да посветат време на заеднички планови, што дополнително ќе им ја зајакне врската или бракот. Ова, исто така, е идеално време за грижа за себе: практикувањето медитација или јога и воведувањето рутини на мирување ќе им даде чувство на обнова и ќе им ја зголеми енергијата. Здравјето ќе им биде подобро доколку одбегнуваат екстреми.
Како максимално да се искористи периодот
Рибите треба да ѝ веруваат на својата интуиција и да го преземат првиот, колку и да е мал, чекор кон реализацијата на идеите што долго ги чуваат во мислите. Вредно е да се бележи секој увид, бидејќи во текот на овој период може да се појават исклучителни решенија. Отвореноста за нови познанства може да доведе до важни соработки или пријателства.
Третата декада во јануари им нуди шанса на рибите да преминат од зборови на дела. Позитивните настани дополнително ќе се интензивираат од 14 февруари, кога планетата Сатурн ќе излезе од овој знак каде што престојуваше две и пол години и им донесе важни животни лекции на рибите.