Хороскоп астрологија

Неделен хороскоп за 29.јануари до 5.февруари 2024 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 29. јануари до 5. февруари 2024 година.

Неделен хороскоп за 29.јануари до 5.февруари 2024 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 29. јануари до 5. февруари 2024 година.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе ви се чини дека не е вистинско време за љубов . Ќе бидете во право, но овие денови може да ви донесат нешто повеќе доколку ги дефинирате вашите љубовни очекувања. Затоа фокусирајте се на себеси и направете една внатрешна анализа. Преиспитајте се малку подлабоко.

Кариера

Како што ќе минува неделата, се повеќе ќе сакате одмор , па дури и ќе заминете на годишен одмор. Оние кои нема да можат да заминат, веројартно ќе мора да се ангажираат околу некои заостанати должности , за кои мислеле дека одамна се завршени. Тоа малку ќе ги изнервира.

Здравје и совет

Вежбајте концентрација.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатнио малку ќе заборавите на љубовта или на барањата на другата страна. Таа нема добро да ве разбере , но не се обидувајте да објасните како се чувствувате. Најмногу затоа што ова е само преодна фаза. Бидете мирни и најдете начин да се прилагодите.

Кариера

Пред вас е добра шанса за развој на кариерата или за усовршување во професијата. Без оглед на надворешните околности , прифатете го она што ви се нуди и тргнете во освојување на нови искуства. Ќе си ги пропширите хоризантите , а и нешто ќе заработите.

Здравје и совет

Малку намалете со спортувањето.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе ви изгледа како љубовта да е се подалеку , наместо обратно. Тоа ќе ве изнервира и ќе ве растажи. Треба да разберете дека не е се во вашите раце , туку и дека и другата страна има свои права. Никој не сака да биде искористуван , па така ни вашиот љубовен партнер.

Кариера

Некои ќе се свртат кон непознатото и тајното. Други ќе настојуваат што повеќе да им помогнат на оние кои учат или сега почнуваат да работат. Трети ќе бараат место за работа некаде сосема далеку , па дури и на друг континент.

Здравје и совет

На крајот , секогаш подобро поминуваат оние кои се искрени.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ослободете се од преголемите љубовни очекувања , зашто сега е подобро да се биде реалист отколку идеалист. надминете го искушението за надмудрување. Бидете што е можно повеќе толерантни и духовити. Доколку партнерот ве испровоцира, не го земајте тоа толку при срце. Тоа е минливо.

Кариера

Брзината со која ќе делувате на работното место ќе биде преголема за да може да ве следат. Тоа е последица на вашиот талент однапред да видите каде треба да се интервенира , па не губите време. Сепак, нешто треба да им објасните и на соработниците.

Здравје и совет

Отворете си ги добро очите.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ве очекува допбар ветар во грбот , кога станува збор за љубовта. Ќе ви се чини како сите погледи да се свртени кон вас. Ќе излегувате со задоволство и ќе се покажувате пред другите. Оние во врска , ќе бидат многу расположени за нежности. Некои заедно ќе патуваат или ќе настапуваат во јавност.

Кариера

Вашите деловни интереси полека се пренасочуваат кон истражувања. Она што сте го постигнале , се гледа , но сега на дневен ред доаѓаат некои неиспитани и скриени работи. Некои ќе се обидат да ги достигнат своите сништа преку сосема необичен пат.

Здравје и совет

Поврзете се подобро со луѓето.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Повремено ќе почувствувате мали незадоволства или преодни препреки во љубовта. Издржете ,а најмногу затоа што со трепението ќе увидите колкава сила имате и колкава ви е љубовта.Се ќе се стопи со време самото од себе, а ќе останат само добрините.

Кариера

Кога ви се чини дека сите ги губат илузиите , вие ќе бидете доволно луди да не подлегнете. Тоа овие денови ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без скршнување од патот. Вашите идеи се одлични и ќе донесат резултати.

Здравје и совет

Можете добро да се забавувате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Поголемиот дел од неделата ќе го минете во интересни друштва , што навистина ќе ве освежи. Грижите и нервозите од другите подрачја на животот, лесно ќе ги надминувате заедно преку хумор и шеги. Оние кои и натаму се сами , ќе бидат отворени за нови луѓе што ќе бидат со задоволство прифатени.

Кариера

Ќе се покаже дека вашите потези довеле до нови деловни можности. Тоа ќе ви ја зголеми самодовербата , па ќе работите посветено и ќе правите похрабри потези. Некои во дејностите поврзани со недвижности ќе просперираат над очекувањата.

Здравје и совет

Поработете на кондицијата.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Деновиве ќе имате добри можности кога станува збор за љубовта . Многу врати ќе ви се отворат полесно од вообичаено , ќе бидете повикувани на интересни дружби и на уште поинтересни места. Доколку сте сами , прифатете ги поканите и измешајте се со луѓето.

Кариера

Новата енергија што интензивно ја чувствувате , ќе ве поттикне и на нови деловни потфати. Ќе бидете вешти , контруктивни, отворени и жедни за предизвици. Лесно ќе се поврзувате со другите , а особено со оние кои не работат во исто место со вас.

Здравје и совет

Уживајте во животот.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Првите неколку дена од оваа недела ќе мора да издржите понекоја нервоза , а потоа веќе состојбата ќе се реши. Ќе станете посилни и имуни , па така и полесно ќе влегувате во партнерства. Некои ваши љубовни очекувања би можела делумно да бидат исполнети.

Кариера

Нема да занемарите ниту еден детал . Вашата прецизнот ќе биде пофалена. Деновиве ќе имате можност да покажете колку сте оригинални. Инвентивноста нема да ве разбуди само кај вас , туку и кај вашите колеги. Ќе размислувате за нов стил на работење.

Здравје и совет

Бидете подруштвени.

Скорпија 24.10-22.11.

Љубов

Комуникативноста и отвореноста ќе бидат ваши адути за заведување на лица од спротивниот пол. Понекогаш ќе бидете недостижни за другите. Сепак , предадете му се на оној кого го сакате , а најмногу затоа подоцна да не зажалите.

Кариера

Се повеќе ќе се интересирате за новините во вашата професија . Некои ќе се поврзат со луѓето , кои се на чекор до интересни откритија , со кои може да се сменат работите. Ова ќе биде вашата мотивациска фаза , на која тешко ѓе и одолеете. Ги впивате информациите.

Здравје и совет

Повеќе време престојувајте на воздух.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Добар развој на љубовните случувања што не сте ги очекувале ,ќе ве охрабри за да организирате на некое интереснио место за себе и за саканата личност. Тоа ќе биде уживање како за вас , така и за другата страна. Оние кои сеуште се сами, ќе сретнат љубов на патување.

Кариера

Вашите надредени деновиве би можеле да одиграт важна улога во вашето напредување. Веројатно ќе решаваат за нешто што ќе има влијание токму на вас. Можно е да добиете шанса за напредување. Потрудете се и бидете професионални.

Здравје и совет

Игнорирајте ги ситниците и приговорите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Доколку и натаму сте сами , ќе бидете активни во барање на вашата сродна душа. Нема да вибиде тешко да заминете и на крајот на светот за да го најдете она што го барате. Оние кои веќе се во врска, ќе ја изненадуваат саканата личност со предлози полни со активност и динамика.

Кариера

Како што ќе минува неделата , ќе станува се појасно дека вие имате способности и стручност што се бара од вас. Многумина ќе покажат кон вас и ќе кажат дека вие сте токму личноста што треба да се ангажира. Но , до тој ангажман нема да дојде лесно , зашто ќе треба да соработувате.

Здравје и совет

Бидете тактични.

To top