Хороскоп розова месечина

НАЈМОЌНИОТ АСТРО ФЕНОМЕН ДОАЃА ВО АПРИЛ! Започнува ново поглавје за сите хороскопски знаци

Астрологијата открива како календарот на полна месечина во април 2024 година ќе го промени животот на хороскопските знаци!

НАЈМОЌНИОТ АСТРО ФЕНОМЕН ДОАЃА ВО АПРИЛ! Започнува ново поглавје за сите хороскопски знаци

Полната месечина ќе се случи на 23 април 2024 година. Својата најсветла точка ја достигнува околу 19:49 часот. Оваа полна месечина уште се нарекува и розова месечина, а го симболизира почетокот на пролетта и женската енергија.

Астрологијата вели дека веќе во средината на април ќе се почувствува поинаква енергија. Се верува дека оваа фаза претставува повторно раѓање, раст и обновување.

Се вели дека розовата месечина симболизира љубов и сочувство, но и емоционално исцелување. Розовата полна месечина е поврзана со негување позитивна енергија и развивање на меѓучовечки односи. Оваа розова месечина е во Шкорпија, што ќе иницира процес на интроспекција и самооткривање.

Вистинско време е да се ослободите од старите навики и верувања, советува астрологијата. Оваа моќна енергија најдобро се користи за поставување важни цели за иднината. Енергијата на Шкорпијата е за долгоочекуваните резултати. Секој знак на Зодијакот може да биде под влијание на енергијата на оваа фаза на Месечината.

Розовата месечина е еден од најочекуваните небесни феномени во годината поради неговата моќна енергија. Овој настан на полна месечина ветува голема трансформација, духовен раст и сензуално задоволство. Затоа, вистинско време е да отворите ново поглавје во вашиот живот!

Најнови вести од Хороскоп

To top